КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СПОРТОТ ПОСЛЕ КОВИД-19

Спортот е толку важен за многумина од нас, така што некои го споредуваат со модерната религија која изобилува од мноштво ритуали, светци и светилишта. Спортот е нешто повеќе од игри, средби и натпревари. Тој има важни аспекти на социјалниот живот и тие не се мерливи од резултатите и статистиката на успешност.

На 11 март 2020. година, спортот во Македонија застана поради ширењето на страшниот и безмилосен вирус COVID -19, кој направи драстични промени во севкупното живеење, вклучувајќи го и спортот.
Несомнено дека пандемијата на коронавирусот изврши огромно влијание врз промените во светот со 2/3 од светската популација во некаков вид на изолација и под превентивни мерки, вклучувајќи го и спортот. Таа придонесе да се направат одредени промени во него, кои сè уште не можеме целосно да ги разбереме и сфатиме.

Неопходната социјална дистанца што ја наметна COVID-19, се почувствува во сите спортски случувања како: начинот на кој ги третираме спортистите, начинот на кој ги гледаме и начинот на кој ги славиме победите, но и поразите. Во сите спортови се презедоа одредени мерки на претпазливост и заштита.

  • Лидерите во Премиер Лигата, ги предупредија играчите да не потпишуваат автограми и да не позираат за селфи.
  • На кошаркарските НБА sвезди им се укажа да не земаат предмети од своите фанови како што се топчиња или дресови на тимови за автограм.
  • Во речиси сите спортови се забрани ракување пред и после натпреварите со опонентот и официјалните лица.
  • Кај тенисерите крпите за бришење пот нема повеќе да им бидат подавани од страна на помошниот персонал кој ги собира тениските топчиња.
  • Медицинската контрола на натпреварувачите ќе биде зголемена пред секој натпревар.
  • Ќе има здравствена контрола за секој посетител на еден натпревар (мерење на телесна температура, бриз или сл).
  • Спортските преноси ќе изгледаат поразлично откога ќе заврши сето ова. Можеби ќе го видиме и крајот на страничните интервјуа и прес-конференциите. Ќе гледаме повеќе спорт преку livestreming – каналите.
  • Капацитетот на публиката ќе се намали за ¼ од постоечкиот и уште огромен број рестрикции.

– Ни останува да се надеваме дека сето ова брзо ќе помине и спортот ќе почне да се нормализира, но верувам дека некои работи засекогаш ќе бидат променети и спортот повеќе нема да биде ист како претходно.

Автор:
Зоран Панчевски                                                                                                                                                                                   

Leave a Reply