Почетоците

3 на 3 кошарката или уличниот баскет е релативно млад спорт, кога станува збор за официјален спорт под покровителство на Светската кошаркарска федерација – ФИБА. Но, историски гледано 3 на 3 баскетот се игра на улиците ширум светот долг период. Во осумдесеттие години во Америка овој спорт полека се стандардизира пред се благодарение на организација на неколку силни турнири кои оттогаш стануваат традиција. Оваа форма на маалски 3 на 3 баскет турнири полека започнува да се реализира ширум светот.

 

Развојот на играта

Откако забележува дека овој спорт станува се попопуларен, ФИБА со големо внимание ги следи 3 на 3 баскет турнирите, пред се затоа што истите придонесуваат кон популаризација на кошарката воопшто. Од друга страна, преку 3 на 3 урбаниот баскет ФИБА ги инспирира младите и идните генерации создавајќи нови вредности и промовирајќи ја важноста на образованието и социјалните  вредности.

ФИБА посветува навистина големо внимание во развојот на овој спорт при што под своја капа зема голем број од постоечките турнири во 3 на 3 урбан баскет низ целиот свет. При тоа создаде и официјална натпреварувачка мрежа. Во исто време се создава посебна дигитална заедница која ги вклучува најдобрите тимови и играчи во целиот свет, овозможувајќи статистика на тимско и индивидуално ниво.

Во 2012 година започнува организацијата на ФИБА 3 на 3 Светското првенство во Атина во машка и женска конкуренција.

 

3 на 3 баскет кај нас

3 на 3 урбаниот баскет ќе ја доживе својата промоција на Олимписките Игри во 2020 година во Токио.  Кај нас последниве неколку години бележиме неколку 3 на 3 баскет турнири но и пораст на вљубениците во овој спорт. Земајќи го тоа предвид сметаме дека е време за формирање 3 на 3 баскет лига. Почнуваме во септемри во Скопје. Во мај 2020, пред почетокот на Олимписките Игри во Токио, финишираме со финален турнир, многу дружење и награди.

Дознајте повеќе за 3 на 3 Баскет Лигата

Leave a Reply