Едноставно играј,

Забавувај се,

Уживај во играта.

– Мајкл Џордан –

„Спортплан“ е компанија со седиште во Скопје која се бави со организирање спортски игри, спортски настани и спортски консалтинг услуги низ целата наша држава. Таа има цел да прерасне во регионален лидер во нашата област. Целта на оваа компанија и нашиот тим составен од професионалци во оваа област, е да обезбедиме незаборавни спортски искуства, како и да им помогнеме на нашите клиенти и компании во остварување на нивните цели преку професионално организирани спортски игри или настани со забавен, рекреативен или професионален концепт

Нашиот тим составен од професионалци е обучен и стручен кадар кој е оспособен за координирање на сите логистички, оперативни и маркетинг компоненти, од почетно креирање до конечно реализирање на сите сегменти на еден спортски настан или игра. На вас останува единствено да уживате во нашата комплетна беспрекорна и професионална организација која ви ја нуди само нашата компанија. Лојалноста кон нашите клиенти и компании секогаш е на прво место. Веруваме дека ќе ни дозволите во иднина да ви ја докажеме нашата професионалност и креативност и заедно да се радуваме на сите наши постигнати резултати

Како што е пракса насекаде во светот, така и кај нас во Македонија, време е македонските компании да се грижат за своите вработени, посебно во делот на нивното здравје и начинот на живеење, како во текот на работното време и на работното место, така и потоа. Сметаме дека спортот и Спортплан.мк е вашето решение. Токму ние го нудиме концептот кој во основата е фокусиран на подигнување на свеста на македонските компании и овозможување услови каде вработените од една компанија ќе се дружат, забавуваат и спортуваат со вработени од други компании при што крајниот бенефит го добиваат сите активни учесници.

Наши цели се:

Подигнување на здравствената психо – физичка способност на работникот во
вашата компанија,
Подобрување на продуктивноста и подобрена комуникација,
Зголемена мотивација,
Подобрена соработка,
Поттикнување на креативноста,
Градење и подигање на тимскиот и работниот дух.

За почеток, да се вратиме во игра со маалски баскет. Баскетот е  совршениот спорт за оваа намена, зашто отсекогаш бил еден од најомилените тимски спортови, скоро и да не постои човек на планетава кој барем еднаш не изиграл една партија баскет во животот.

Дознај повеќе за „3 на 3 Баскет Лигата“

Едноставно играј, Забавувај се, Уживај во играта.

Мајкл Џордан

Кога имаш нешто за докажување, нема ништо поголемо од предизвик.

Тери Бредшо

Не дозволувај она што "не можеш" да застане на патот на она што можеш!

Џон Вуден