was successfully added to your cart.

Cart

Интервјуто е позајмено од USA Basketball. Приказната на Кори е навистина интересна, затоа што не се работи за поранешен НБА играч кој по повлекувањето продолжил да игра 3 на 3 баскет.

Што те натера да заиграш 3 х 3 баскет?

Кемпбел: Всушност ми пријдоа мојот сегашен соиграч, Дерек Грифин, со прекар Ванила Горила, како и стариот мој соиграч, Крис Холвеј, и ме замолија да им се приклучам во рекреативната лига. Иако ми зборуваа за тоа, јас не им верував дека ќе се патува. Но, после првиот турнир во Њујорк, едноставно не сакав да престанам.

Како ти се допаѓа новиот стил на игра кој го пропиша ФИБА, во споредба со стилот кој порано се играше во САД?

Кемпбел: Новиот стил на игра 3 х 3 е многу подобар и многу позабавен. Стариот стил кога после секој постигнат поен играта започнува така што офанзивниот играч мора да ја додаде топката до дефанзивниот играч, кој повторно ја враќа топката до офанзивниот (check the ball) е толку спора и досадна, посебно сега од оваа гледна точка, откако веќе го играме новиот стил.

Тимот Денвер ги замени своите играчи неколку пати во последниве години. Од каков тип на играчи сметаш дека 3 х 3 тимот треба да биде составен?

Кемпбел: Да, моравме да го смениме нашиот тим неколку пати заради одредени ситуации како што се повреди или можности за нова работа и други нешта. Но, би рекол дека дефинитивно ви се потребни физички големи атлети кои можат да играат дефанзивно и да го заштитат баскетот. Потребен е играчот кој е помеѓу и кој може да ја освои топката, а исто така, потребни се и играчи кои се добри шутирачи. Сѐ на сѐ потребни се играчи кои имаат срце и гордост, бидејќи досега бев сведок на неколку големи вознемирувања и многу изненадувања со овој нов 3 х 3 стил на игра.

Во последните две години играше во: Токио, Порторико и Бразил? Какво беше твоето искуство?

Кемпбел: Само ќе кажам дека едноставно беше благослов. Не можам доволно да бидам благодарен за овие искуства кои беа како соништа кои се остваруваат. Патувавме низ целиот свет, посетивме прекрасни места и ја игравме играта која ја сакаме. Отсекогаш сум сакал да ги посетам Бразил и Порторико. Бев во Кина, а посетата на Токио беше целосна спротивност. Но Бразил е моето број 1 место во светот каде што би сакал да бидам. Дефинитивно би можел да живеам таму.

Кои се едни од најцврстите играчи и тимови со кои си играл откако почна да играш 3 х 3 баскет?

Камбпел: Ќе морам да се вратам назад во првата година откако се натпреваруваме кога игравме против тим од Сан Хуан. Тие момци беа навистина цврсти физички и полни со срце и гордост. Сите тимови од Њујорк се тешки. Секогаш играњето против нив е физички напорно и секогаш паѓаат тешки зборови и играчите се кошкаат и подбуцнуваат.
Кога играш со тимот на Арне Данкан и нивниот офанзивен Принстон стил, не смееш да „заспиеш“, инаку ќе си поигруваат со тебе цел ден. Саскатун е одличен тим, со цврсти играчи кои целосно се разликуваат меѓу себе, а играат навистина добро и сите се добри шутирачи. Момците од Србија имаат систем кој е навистина успешен што се гледа по тоа колку турнири освоија. Навистина се добро уиграни, не се себични, одлучни се и сите шутираат многу добро. Но, сѐ уште не го победиле тимот на САД Денвер 

Leave a Reply