Умешноста на носењето одлуки

 

Да се запрашаме – која е разликата помеѓу луѓето кои заземаат став дека мора да променат нешто, наспроти оние кои едноставно ги прифаќаат работите какви што се? Зошто некои луѓе носат храбри одлуки, а некои се држат за она што го имаат?

Иако ова е комплексно прашање, сепак факт е дека ако ги измените одлуките ќе го смените вашиот живот, односно ако ја смените силата која влијае на вашите одлуки, ќе можете да смените било што во животот.

На некое ниво имаме одредени верувања и вредности, но уште поедноставно кажано има две работи кои влијаат на нашите избори.

Емоциите, вредностите, верувањата и носењето одлуки

 

Прва работа е состојбата на вашиот ум, односно емотивната состојба во која се наоѓате во даден момент. На пример: колку пати сте изреагирале претерано иако немало причина за тоа. Во погрешна состојба на умот носиме лоши одлуки, во силна, моќна состојба на умот носиме подобри одлуки. Учењето како да ја диктира состојбата на умот што е и поголемиот дел од работата на еден коуч тренер.
Но, другата работа која ја одредува твојата одлука е твојата приказна или твојот т.н. блу – принт. Сите ние имаме приказна за тоа каков треба да ни биде животот, еден сплет на животни искуства и толкувања. Секој има различно сфаќање за тоа за што служи овој живот.
Каков и да е вашиот блу – принт, вашиот светоглед, верување, став за тоа каков треба да ви биде животот, на кое ниво или го следиме тој блу – принт или се бориме против него. А кога животот не е како што сме го замислиле, тогаш се појавува стресот заедно со гневот.
Животот е танц помеѓу она од кое се плашиме најмногу и она што го посакуваме најмногу.
Но, во животот она што го сакаме и она што ни треба се две различни нешта.
Добрите луѓе понекогаш прават лоши одлуки кога се наоѓаат во лоша состојба на умот. Но, во моментов кога ќе се вклучи нашето его, честопати знаеме да ѝ поверуваме на нашата приказна или да бидеме заведени од одредена приказна. И тогаш, целиот наш живот и сите одлуки се контролирани од таа приказна, а она што следува е само лош или полош избор.

Сте направиле лош избор – како понатаму?

 

Како да се извлечеме од кризите во кои сме западнале поради лошите одлуки што сме ги донеле несвесно? А сме ги донеле несвесно затоа што сме сакале да го добиеме она што го сакаме, не сме знаеле што да цениме најмногу, не сме знаеле што ни треба, па сме се нашле во состојба да се прашаме: „Зошто ми е животот ваков?“

Животот е преполн со предизвици и затоа во нашето секојдневие треба постојано да растеме и да се подобруваме.
За да дознаете што треба да се случи во животот за да ви тргне на добро, многу е едноставно – тоа е напредокот, тој ги прави луѓето среќни, затоа не треба да чекате. Сѐ што треба да направите е да се доведете во нова состојба на свест или да имате нова мисла и да си речете – СЕ МЕНУВАМ СЕГА.
Погрешните избори носат криза, а кризата не ве замолува да се смените на подобро, таа ви наредува да се смените. Немате избор, мора да се промените. Кризата нѐ растопува. Низ кризата ние напредуваме, растеме. Нема напредок без промена.

Како да изберете?

 

Едноставно – разберете (запрашајте се) што ве држи постојано во таа криза. Кога некој или нешто ве држи во една иста состојба тогаш тој некој или нешто со тоа ве наградува. Кога некоја ваша постапка се наградува таа постапка се охрабрува пак да се случи. Доколку форсирате одредена навика таа навика наскоро ќе стане карактер, ќе стане дел од вашата личност и на крајот ќе си речете тоа сум јас. Лесно е да се види ова во другите луѓе. Честопати го гледаме кај познатите личности. Сакаме да ги видиме како прават погрешни одлуки за да се чувствуваме добро поради нашите лоши одлуки.
Но честопати, познатите не се соодветно казнети и затоа тие повторно грешат, затоа што едноставно се охрабрени да не се сменат, поддржани се со нешто што ги држи во таа состојба на свест. Го имаат тој став дека не е нивна вина, не нивна одговорност.
Сѐ додека мислиме така, не можеме да се промениме. Ако една Линдзи Лохан се променила тоа ќе биде затоа што тие што ја охрабрувале, сега ѝ овозможиле да се промени. Таа ја презела одговорноста и нашла нешто што го вреди повеќе од вниманието и парите за лошото однесување.

Но, ајде да се запрашаме што е со нас, со нашата зависност од нешто, со нашите проблеми и лоши навики. Од што или од кого ние сме охрабрени да не се смениме?

Leave a Reply