Навики во четириесеттите

Ближејќи се до четириесеттите години од животот можеби повеќето од нас се прашуваат дали станале помудри, или научиле нешто од сопствените грешки, какви навики развиле, како им поминува секој ден во однос на претходниот.
Интроспекцијата и самоанализата некако стануваат дел од нас, па свесни за темпото на живот обрнуваме внимание на тоа како го трошиме времето, колку напор вложуваме во работата, колку сме ефикасни, колку сме рационални и колку ги исполнуваме зацртаните цели.
Земјите од Запад денес посветуваат големо внимание и вложуваат многу енергија во развивањето на соодветни навики што ќе им помогнат на поголемиот дел од луѓето да истраат во секојдневниот динамичен вртлог кој бара постојан психо – физички ангажман. Кај нас, работите можеби изгледаат „полабави“за повеќето од нас, или пак мислиме дека се движат по бавно, но веќе подолг временски период се забележуваат низа трендови за водење здрав живот како: нови навики во исхраната, поголем спортски ангажман за одржување на животната енергија и слично.
Во тој контекст, ви ги предлагаме следниве 5 секојдневни навики, што можат да влијаат врз квалитетот на вашиот живот.

На секое утро му е потребен свеж почеток.

Секој од нас има некои утрински навики, а кои се вашите? Како се будите – го навивате ли часовникот или се будите како „навиен“, според биолошкиот часовник? Што е првата работа што ја правите? Го земате ли телефонот в рака и се логирате на социјалните мрежи или можеби пуштате телевизор? Можеби ја слушате омилената музика или пак некој од вас прочитува неколку параграфи од своето омилено четиво? Колкумина од вас утрото го започнуваат со молитва или со позитивни информации?
Ајде, за промена едно утро да го направиме следново: неколку минути дишење длабоко, исто толку јога вежби за истегнување или кардио вежби и сето тоа за доброто на телото и духот, оставаме вие да одберете. Многумина ќе речат: – Сето ова е можно за оние кои немаат деца или други обврски во раните утрински часови. Можеби има делумна вистина во тоа, но ако се сака за сѐ се наоѓа време и важи за секој од нас. Сигурно познавате родители кои наоѓаат барем 10 минути наутро да применат некои од овие вежби со цел да се наполнат со енергија која ќе им помогне да се справат со ситуациите што денот ќе им ги донесе.
Ако не се брзате, седнете барем на кратко. Затворете ги очите и вдишете длабоко неколку пати. Искористете ја вашата имагинација. Замислете како со секое вдишување внесувате свежа енергија која ве исполнува и вдахновува, а со секое издишување се ослободувате од товарот наречен лоши мисли штонагрнале рано наутро и ви натежнуваат. Ако ова го искомбинирате со музика која не ги дразни сетилата, туку смирува, тогаш имате одлична комбинација за позитивен и свеж почеток на денот.

Најдете време за одмор додека сте на работа

Оваа навика на многумина од нас може да им го продолжи животот. Стресот е најголемиот убиец на денешницата. Многумина од нас ќе речат ова е невозможно, немаме време, немаме услови на работа, ќе нѐ казнат итн. И можеби навистина е така. Но, вашиот релакс може да го искористите и на вашето работно место. Не мора да го напуштате своето работно место, зашто еедноставно .
Ако во текот на работниот ден подолго време седите,тогаш станете, истегнете се, чекорете напред – назад, лево – десно во зависност од просторот што го имате во канцеларијата и на тој начин ја подобрувате циркулацијата на крвта, посебно до главата. На секои половина час, или најмногу до еден час, повторете го ова. Можеби и на вашите колеги ќе им биде чудно, но треба да знаете – денес големите корпорации вложуваат многу во своите вработени наместо во продуктите, затоа што конечно ја сфатија важноста на човековиот живот и започнаа да го ценат трудот на оние кои им овозможуваат добра заработувачка. На убав начин објаснете му на претпоставениот дека преку оваа навика вие едноставно ја зголемувате вашата продуктивност.
Не случајно голем број компании имаат посебни простории во кои им овозможуваат на вработените да здивнат, да се размрдаат или отпуштат.

Научете да ја штедите вашата енергија

Честопати мислиме дека најголемиот стрес ни се случува на работа и дека тоа е она што најмногу нѐ заморува. Но, за жал многумина од нас не ги забележуваатоние мали нешта кои ни го одвлекуваат вниманието, и ни ја одземаат енергијата.
Да се запрашаме, колку од нас имаат навика да го исклучат телефонот штом си дојдат дома? На некои од нас просто им е незамисливо физички да се одвојат од мобилниот апарат повеќе од 30 минути. Дури и кога се дома, во навидум отпуштена атмосфера, телефонот е со нив, како да е дел од самите нив.
Има една мудра изрека која вели: таму кадешто ти е умот насочен, таму ти се одлева енергијата (where your mind goes your energy flows). За жал, најчесто не сме ниту свесни дека трошиме големо количество енергија на работи кои се небитни, травијални, од кои немаме апсолутно никаква корист.
Една од тие небитни работи е прекумерното користење на телефонот или непотребното гледање телевизија со која најчесто „здивнуваме“, „се отпуштаме“ и сл.
За да се преиспитате себеси во која категорија на луѓе припаѓате, рационални или по малку ирационални, обидете се да го направите следново: штом се вратите од работа исклучете го телефонот, дајте го на партнерот да го стави на некое место кое е подалеку од вашиот видокруг или одете до спалната соба и ставете го под перница, а може и некаде во плакарот, едноставно да не ви е при рака или во видокругот. Наместо да пуштите телевизија пуштете некоја релаксирачка музика или ономатопејска музика, како во спа центрите, слушајте и уживајте во звуците на брановите на пример. Издржете така барем едно три дена, зашто ако го издржите тој период верувајте дека ќе издржите уште подолго што ќе биде голем бенефит за вашиот мир и спокојство. Промената ќе ве изненади.

Не губете време на баналности

Непотребното гледање телевизија и прекумерното користење телефон се дел од лошите навики кои секојдневно се присутни во вашето живеење, но за жал не и единствените кои го трошат вашето драгоцено време и ја одлеваат вашата енергија. Времето кое го трошите на „малите муабети“, со вашите пријатели додека сте на кафе, навистина може да се искористи многу подобро. Меѓутоа, предусловот за тоа е сепак да ви се смачи од „празните муабети“ и да се вклучите на друга фреквенција која ќе биде многу порационална и пополезна за вас. Ако и понатаму продолжувате да ги негувате ваквите работи, еден ден ќе им здодеете на вашите пријатели кои без многу размислување ќе ве напуштат и засекогаш ќе си заминат притоа укажувајќи ви дека сте премногу негативен или премногу критизерски настроен, исполнет со бесполезни навики кои ја одземаат енергијата.

Ментална хигиена

Лекарите денес постојано укажуваат на фактот дека секој од нас треба да работи на себе за да имапоквалитетен сон кој го подига имунолошкиот систем и обезбедува добро здравје.Но, за жал синдромот на несоница денес е сѐ поприсутен и лошо влијае врз севкупното здравје на човекот. За да се има добар сон треба да бидат исполнети неколку предуслови што ќе го обезбедат тоа.Како примарен услов кој секој од нас треба да го примени е доброда размисли колку лично придонесува со своите одлуки што свесно ги донесува да нема добар сон.
За среќа, постојат неколку практични пристапи и техники кои можат да ни го подобратсонот и неговиот квалитет, дури и во време кога имаме само неколку часа на располагање.Најдобро за тоа зборуваатпрактикантите на Силва методот, на јогата или некоја боречка вештина коипотврдуваат дека со нивна примена се зајакнуваат менталните способности, и се подобруваат меморија и концентрацијата.Уште во античкиот период, Старите Грци применувале една вежба која им помагала да ја подобрат меморијата именталното здравје. Таа е многу едноставна и се состои од методот на враќање наназад на сѐона што ни се случувало во текот на денот. Можете и вие да ја применувате така што ќе започнете со наведување на настаните хронолошки од вечерта кон утрото или обратно. Обидете се, може да биде и забавно.
Четириесеттите години во животот (ако не и порано) е период кога веќе забележуваме пад на нашите когнитивни способности најчесто поради хроничен замор и преоптовареност со проблеми. Во секоја држава на Запад веќе долго време се спроведуваат истражувања за квалитетот на живот на граѓаните и се даваат сугестии и совети за подобрување на животните навики и продолжување на животниот век. Нема потреба да се споредуваме со другите, доволно е само да ги примениме позитивни искуства и знаења кои ни го олеснуваат живототи се повеќе од добредојдени.
Вратете се во игра, но бидете свои, бидете автентични.

Leave a Reply