Следниве чекори можат да ви помогнат да се промените

 

Чекор 1: Не е важно што ти се случило, важно е да ја видиш ситуацијата каква што е, но не полошо од тоа што е. (See it as it is, but don’t see it worse than it is). Тоа не значи да мислите позитивно и да повторувате афирмации. Потребно е да го воочите проблемот, но во исто време не треба да го направите толку страшен за потоа да немате сила да го надминете и да се откажете. Ако започнете да мислите дека немате иднина, дека нема на што да му се израдувате утре, влегувате во она што се нарекува научена беспомошност, место каде што едноставно сте се откажале. (Learned helplessness is behavior that occurs when the subject endures repeatedly painful or otherwise aversive stimuli which it is unable to escape from or avoid). А ако влезете во место каде сте се откажале тогаш немате моќ врз вашиот живот, и тогаш се случува да станете депресивни и да правите глупи и луди нешта или да се доведете во ситуација да си го одземете животот. Целосната фрустрација и гневот, животот полека ви го прават да ви стане чиста болка, континуирана болка. Ако сакаме да излеземе од таа состојба мора да ги видиме нештата какви што се. Не сме тука да станеме позитивни мислители, мора да видите за што се работи. На пример: ако имате прекумерна тежина не можете да си кажете: „Имам широки коски“, зашто некој друг би ни кажал директно: „Не сакаш да престанеш да јадеш глупости и затоа немаш контрола над својата тежина и не можеш да се промениш.“

Чекор 2: Препознајте ја вистината и соочете се со неа (get to the real truth and deal with it). Ова честопати го гледаме при барање работа во индустрија која полека се затвора. На пример бизнисот со винил плочите и појавата на ЦД ромовите. Соочувањето со вистината би значело дека мора да се смениме професионално. Можеби ви се случува нешто нефер, но мора да се соочите со ситуацијата и да преземете контрола врз вашиот живот. Ако имате економска криза, мора да се соочите со неа и да ја решите. Направите сѐ што е потребно, сѐ што е во ваша моќ.

Чекор 3: Имајте визија, тоа е првиот услов (Get a vision first). Начинот за да се соочите со вистината и да го решите проблемот е да се запрашате: „Дали имам визија за себе, за мојата иднина, за тоа што сакам да сторам со мојот живот?“
За да имате нешто кон кое ќе се придвижите, мора да имате визија за себе, да знаете што сакате. Ни треба нешто за да се насочиме, ни треба тоа емотивно и психолошко гориво. Секој проблем денес ќе можеме да го решиме, доколку има нешто на кое му се радуваме во иднината, нешто кон кое стремиме.

Чекор 4: За да добиете визија најдете успешен модел (The way to do that (vision) get a role model). Можете да стекнете визија од некој примерен модел или од обична нова идеја, но за да утврдите каде сакате да одите т.е. да стигнете од каде што сте сега, потребна ви е стратегија. Затоа учете од туѓите искуства. Најдете позитивен модел, откријте ја неговата стратегија и работете на случајот. Дејствувајте.

Интересно е што Тони го пронашол својот модел кој живеел во време на рецесија, периодот по Втората светска војна. А тоа бил Сер Џон Темплтон. Овој човек ја нашол тајната на успехот во песимизмот на луѓето.

Чекор 5: Давај многу повеќе отколку што очекуваш да добиеш (Give much more than you expect to recieve). Најди начин да одговориш на потребите на луѓето околу тебе, во бизнисот, во релациите.

Но, што ако не можете да најдеме позитивен модел?
Можеби вие сте самиот моделот кој го барате, бидејќи секој од нас поминал низ голема криза во животот. Моделирајте се себе си!!! Но како?

Преку овие пет прашања можете да се моделирате себе:
1. Кој е еден од најтешките периоди во животот кој сте го надминале (финансиска ситуација, односи, загуба)?
2. Што те извлекло од таа ситуација (верување во нешто, стратегија, си сретнал некој, си бил некаде)?
3. Каков ти бил животот пред кризата?
4. Што направи, за да се случи промена?
5. Колку е твојот живот подобар денес откако ја надмина кризата? Дали стана посилен или посочувствителен или стана понадежен, бидејќи се извлече или верата ти се зацврсти или научи нова вештина и порасна или си посреќен и поблагодарен? Како си подобар ментално емотивно, интелектуално, духовно, физички, финансиски, денес, бидејќи ја надмина кризата?

Се надеваме дека овие совети и согледувања ќе ви помогнат да се соочите и да ги надминете проблемите и тешкотиите со кои можеби се соочувате.

„Спортплан“ е секогаш со вас!

Leave a Reply