Дали спортот ве прави среќни?

Науката одамна ја докажала поврзаноста на спортот и неговото влијание врз нашето расположение. Сепак и покрај очигледноста за позитивните влијанија на спортот и генерално поголемата физичка активност врз нашата среќа, на неколи луѓе како да им треба дополнително убедување дека спортувањето е полезно за нивното здравје. Така во потрагата по медицински факти и нови апсекти од поврзаноста на спортот и среќата доаѓаме и до најчесто спомнуваниот термин – ендорфинот.

Токму така. Кога се зборува за спортот и среќата најчесто се зборува за ендорфинот или т.н. хормон на среќата. Сликата ќе стане појасна откако ќе разбереме што всушност преставува енорфинот.

Што е ендорфинот?

Ендорфинот се создава во нервните клетки и ги пренесува информациите од една до друга нервна клетка. Според некои процени, ендорфинот е од 50 до 100 пати појак од опиумот. Тој не се излачува константно во организмот, туку се создава во состојби кои се болни, стресни или многу пријатни. На пример, при јадење лути пиперки, се создава големо количество ендорфин за да се намали лутината што се чувствува во устата и во желудникот. Ендорфинот не е поврзан со чувството на задоволство, а за да го има постојано во организмот би требало човекот да прави нешто што е многу пријатно или нешто што е многу непријатно. На пример, со постојано долготрајно вежбање (на пример, по 4 часа дневно) може да се зголеми нивото на ендорфин, но притоа вежбањето треба да  биде напорно, до границата на болката

Функции на Ендорфинот

Ендорфинот делува слично на опијатите – морфиум, опиум или хероин. Тој ја намалува болката и предизвикува чувство коешто е слично на она додека јадеме чоколада, но исто така предизвикува и еуфоричен ефект. Ендорфинот му ја дава силата на организмот во ситуација кога човекот е тешко повреден, така што е многу важен за преживување во опасни ситуации. Исто така, ендорфинот е одговорен за задоволството што го чувствуваме кога јадеме слатка храна, на пример, чоколада, при што веднаш се активира и делува веднаш на нас

Значи да спортувам до бесвест и ќе бидам посреќен?

Се разбира не. Едноставно за некој кој не се бави со спорт, нормално е физичката активност да биде непријатна на почетокот, па дури и да предизвика физичка болка. Колку и да звучи тоа противречно од концептот на среќата, целата суштина е да издржите на почетокот, да го најдете своето темпо, и постепено да се доведете во состојба во која спортот ќе биде пријатна активност, како и јадењето чоколадо. Дали ќе играте баскет или ќе пешачите на кеј тоа останува на вас. Никој не може да го оспори позитивното влијание на спортот и физичката активност за нашето добро расположение.

Leave a Reply