По завршувањето на ноќта доаѓа денот кој со себе носи нови возбудувања, нови почетоци и нови предизвици. А како ќе го започнете денот зависи само од вас!
Ако се водиме според онаа народната, денот се познава по утрото, тогаш нека започне со музика. По отворањето на очите од ноќниот сон, дозволете да ве разгалат првите тактови од вашата омилена музика, која ќе ве разнежни и исполни со позитивни вибрации. Иако секој од нас негува свој животен стил во кој се вклопува и музиката што ја сака и слуша, понекогаш е убаво да направите промена, па денот започнете го на еден поинаков начин, со поинаква музика, да речеме класична.
Она што сакаме да ви го понудиме во основа е класична музика со модерни примеси кои најчесто како стил се применуваат во филмската индустрија.
Многумина од вас се одлучуваат денот да го започнат токму со ваков тип на музика, зашто нејзиниот ритам, динамичност и тоналитет го покренуваат расположението, а воедно и одлично се вклопуваат со утринското вежбање.
Во прилог ви нудиме неколку парчиња филмска музика која е исполнета со динамика и убава вибрација.
Музиката на Вангелис од филмот „Огнените кочии“, станува задолжителна за секој спортист, зашто ретко кој може да ѝ одолее уште со првите тактови. Не помалку заостанува и музиката создадена за големите филмски платна како што се: „Последниот Мохиканец“, „Гладијатор“, „Војна на ѕвездите“, „Господарот на прстените“, „Титаник“, чии автори се и носители на најпрестижните награди во областа на светската музика. Тука се и големите филмски композитори, како што е и Ханс Зимер.
За почеток, ви ги препорачуваме следниве музички теми.
Уживајте во секое ново утро.

Сега сме слободни / Now we are free

 

Последниот Мохиканец / The Last of the Mohicans

 

Кралот Артур / King Arthur

The Shipping News

Огнени кочии / Chariots of Fire

Leave a Reply